Диего Армандо Марадона, според многумина најдобриот фудбалер во историјата, на 30 октомври ќе го прослави својот 60-ти роденден. И тој не крие што посакува како роденденски подарок.

Сонувам да можам да постигнам уште еден гол против Англија, но сега со другата рака“ по што избувна од смеа.

Се разбира дека Дон Диего мислеше на мечот од 1/4 финалето на СП во Мексико 1986 година, кога на Англичаните им стегна гол со рака. Тоа беше “Божјата рака“ како што велат неговите фанови.

Запрашан за тоа кој сега доминира во светот на фудбалот легедната одговори:

Лео и Кристијано, Меси и Роналдо. Не гледам некој трет да им приоаѓа. Никој не е ни половина до нив“.