Голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума, е позитивен на Ковид-19. Тимот од Милано објави дека има пет лица кои се позитивни на коронавирус, од кои тројца се членови на стручниот штаб, додека двајца се фудбалери.

Имињата на персоналот не се објавени, но познато е дека играчите со позитивен тест за коронавирус се голманот Донарума и Јанс Питер Хауге.

Сите петмина се асимптоматски, но дефинитивно одат во двонеделен карантин. Целиот тим на Милан изврши дополнителни тестови и сите резултати беа негативни.