Екипата на Милан не успеа да ја впише петтата победа сезонава во Серија А откако вечерва одигра 3:3 против Рома на „Сан Сиро“. „Росонерите“ три пати имаа предност, но Рома успеваше да изедначи и да откине бод.

Златан Ибрахимовиќ уште во 2. минута го доведе во предност Милан, но Рома го изедначи резултатот 12 минути подоцна преку Един Џеко.

На стартот на второто полувреме на асистенција на Леао, Алекс Салесмакер непречен од никого од 12-13 метри ја затресе мрежата на Рома. Меѓутоа во 70. минута Бенасер направи прекршок за пенал по кој Верету го изедначи резултатот.

А судијата Џакомели покажа пенал и на другата страна. На 11 метри застана Ибрахимовиќ кој го прецизен удар го совлада Миранте. А радоста на четата на Стефано Пиоли кратко траеше. По корнер, Кумбула ги „фати“ на спиење дефанзивците на Милан и ги постави конечните 3:3.

Така Милан не успеа да стигне до трета победа по ред против Рома на домашен терен и да го изедначи рекордот од 1996 година. Но овој бод ги држи на чело на табелата со 13 бодови, два повеќе од Наполи по 5. одиграни кола. Рома е на позиција 9.