Дефанзивецот на Реал Мадрид, Хозе Игнасио Начо околу еден месец ќе остане надвор од терените поради повреда здобиена на „Ел Класико“ пресметката со Барселона.

Фудбалерот ќе пропушти два натпревари за Реал во Лигата на шампионите (со Борусија Менхенгладбах и Интер), како и два натпревари во Ла Лига (со Хуеска и Валенсија). Начо е предвидено да се врати на тренинг на време дури за мечот со Виљареал на 21 ноември.