Со голот на Сон Хонг-Мин во 76 минута, екипата на Тотенхем го победи Барнли на „Турф мур“ во рамките на 6. коло во Премиер лигата. Корнер изведоа играчите на Тотенхем, Кејн со глава ја испрати топката на пет метри, а таму се најде Сон кој ја смести во мрежата.
Три бода за Тотенхем кој се искачи на петото место, додека Барнли остана на 18-тото со само еден освоен бод.
Сон со овој погодок се искачи на врвот на листата на стрелци со осум гола, еден повеќе од младиот напаѓач на Евертон Калверт-Луин. А Кејн е лидер кај асистентите со осум асистенции. Тотенхем е најефикасна екипа со 16 голови, еден повеќе од Ливерпул кој го држи второто место во оваа категорија.