На крилата на тинејџерот Арби Воша, вчера Македонија ЃП го одигра веројатно својот најдобар натпревар сезонава. И не само што го одигра туку и убедливо славеше над Академија Пандев со 3:1. А “малиот“ Воша, кој има само 19 години, беше централна фигура. И поради прекрасниот гол, и поради “кршење“ на стативата во вториот дел, но и поради се она што покажа ова момче. Затоа според нас е играч на колото. Покрај него од Македонија ЃП се и Мишевски и Калид, стрелците на головите за “лавовите“, прекрасните голови. Работнички позитивно изненади во Тетово, Јанков блескаше на голот а Станковски пак постигна убав гол за реми, постигна уште еден за победа, но тој му го поништија. Шкупи славеше со Силекс, Исени и Нето беа меѓу најдобрите. Струга Трим Лум заслужи да победи во Битола, но на крајот дојде само до реми, Лена постигна супер гол а Мециновиќ по навика одличен во дефанзивата. Мирчевски од Вардар и Велија од Ренова секако дека не смееме да ги заборавиме по голеадата на Арената во Скопје, по тие 3:3.

 

ИГРАЧ НА КОЛО

АРБИ ВОША

Тим: Македонија ЃП

Роден: 04.08.2001 во Скопје

Кариера: Македонија ЃП