Влатко Дробаров (27), искусниот стопер својата кариера ќе ја продолжи во Бугарија, во тамошната елитна лига и тоа во екипата на Черно Море од Варна. Како што дознаваме дефанзивецот се договорил со првите луѓе на Черно Море, останува само да се официјализира трансферот и секако да се промовира Македонецот како нов член на клубот од Варна.

Инаку Дробаров со своите 27 години има богата кариера. Има настапувано во Вардар, Скопје, Напредок, Тетекс, Мурчелагос, Банантс, Арис Лимасол, Оход Ал-Медина, Беласица, Карела Бластерс а во Черно Море потпиша како слободен играч.