Конечно убави вести за нашата репрезентација и пред се за селекторот Игор Ангеловски, а се поврзани со еден од нашите најдобри фудбалери Александар Трајковски. Имено Алекс по подолго време вечерва се најде во стартниот состав на Мајорка на мечот против Алкокорн во рамките на редовното коло во шпанската Сегунда. Тимот на Трајковски славеше ефектна победа од 2:0, головите паднаа рано, во 18. и 22. минута додека Македонецот беше во тимот на Мајорка. Инаку да кажеме дека Алекс во игра беше се до 70.минута кога беше повлечен од игра, и немаше потреба да игра подолго зошто неговиот тим во тие моменти имаше сигурно и убедливо водство.

Во пресрет на историскиот дуел со Грузија убава вест за Мрме, Трајковски конечно игра во својот тим, и тоа како стартер.