Европската фудбалска куќа реши да го намали наградниот фонд за Лигата на шампионите и Лигата на Европа поради финансискиот удар предизвикан од пандемијата со КОВИД-19. УЕФА „изгуби“ 514 милиони долари од ЛШ и ЛЕ минатата сезона поради коронавирусот, а тоа се случи поради редуцирање на телевизиските и спонзорските приходи, а како резултат на тоа, планот е да се намали наградниот фонд во клупските натпреварувања ЛШ и ЛЕ во наредните пет години за да се стабилизираат финансиите.

Па така клубовите учесници во ЛШ и ЛЕ може да очекуваат околу 4% намалување од наградниот фонд во секоја од наредните пет сезони.