Екс македонскиот младински репрезентативец Андриан Чаволи направи трансфер во Грција. Поточно, напаѓачот од вчера е член на третолигашот Димитра Евксионуполи.

Чаволи беше без ангажман откако си замина од Бугарија, односно од тимот на Струмичка Слава.Претходно  беше и дел од Косовскиот тим Фљамуртари, а во нашиот шампонат настапуваше за екипите на Силекс, Еуромилк и Металург.

Тој во моментов има 24. години и во минатото беше стандарден член на младинските репрезентации на Македонија.