Играчот за врска на Њукасл Јунајтед, Џонџо Шелви ќе биде опериран од хернија, изјави менаџерот на „страчките“ Стив Брус. 28-годишниот играч за врска нема да може да игра до средината на ноември.

Шелви играше на првите пет натпревари за Њукасл во Премиер лигата оваа сезона, но вчера го пропушти ремито кај Вулверхемптон со 1:1. Њукасл е на 14-то место во поредокот со 8 бода од 6 натпревари и ќе го пречека лидерот Евертон за време на викендот.