Ел Класико никогаш не запира. Контроверзиите од дуелите помеѓу Барселона и Реал им нема крај. Поминаа два дена од пресметката помеѓу вечните шпански ривали, а Барса не може да се помири со поразот посебно по оној сомнителен пенал по кој Рамос го однесе Реал до водство од 2:1, а потоа Лука Модриќ ја запечати победата од 3:1.

Од Барса веруваат дека се ограбени поради скандалозната одлука на судијата Мунуера Мартинез и сметаат дека тој им ја подарил победата на Реал. Пред да покаже на белата точка тој го запре времето за да се консултира со ВАР, а потоа отиде сам да ја види ситуацијата. На крајот покажа пенал.

Постои и аудио снимка од разговорот помеѓу линискиот судија и главниот судија. Во моментот кога Ленгле го повлече за дрес Рамос. Линискиот судија во записот кажал дека ситуацијата не е за пенал затоа што Рамос прво го повлекол фудбалерот на Барселона кој реагирал на ист начин. Но Мартинез ги игнорирал неговите зборови и одлучи да му верува на ВАР. Тој процени дека имало пенал. Тоа ги налути фудбалерите и раководните луѓе на Барса.

Од друга страна во програма на „Кадена сер“ бил пуштен уште еден аудио запис во кој се вели: Рамос е виновен, Рамос прави фаул.

А каталонските медиуми распалија по Мартинез велејќи дека од секогаш тој бил фан на Реал Мадрид и дека постојано свири во нивна корист.

„Точно дека има аудио запис од разговорот помеѓу помошникот и главниот судија. Ќе го преслушаме и ќе го заштитиме интересот на Барселона. Тој пенал го промени текот на натпреварот“, изјави првиот човек на Барселона Бартомеу.