Денеска во 12 часот во просториите на Фудбалската федерација на Македонија, ќе се одржи ждрепката за 1/4 финалето во Купот на Македонија. Екипите на Академија Пандев, Македонија ЃП, Шкендија, Шкупи, Силекс, Струга Трим Лум, Беласица и Ренова ќе ги очекуваат своите ривали. Интересно најтрофејните во ова натпреварување Вардар и Работнички се елиминирани во 1/8 финалето.

Мечевите од 1/4 финалето се играат на 25 следниот месец, исто така по еден натпревар.