Ерменија – Кувајт, натпреварот кој беше закажан за 11 ноември, е откажан. Причината не била војната во Нагорно Карабах, туку поради тоа што властите во Кувајт побарале одложување по драстично зголемениот број на заразени од Ковид-19, и можноста да бидат затворени границите на оваа земја.

Наводно ерменските власти излегле во пресрет и ја одложиле средбата, па веројатно Ерменија ќе нема контрола пред дуелот во Лигата на Нации против Македонија кој се игра на 18 ноември.

Ерменија нема да може да игра како домаќин во Ереван поради војната, и ќе треба да бара алтернатива за домашен терен. Мечот со Грузија, Ерменците го одиграа во Полска.