Украинскиот фудбалер Јарослав Богунов е суспендиран на две години од страна на ФИФА. Според информациите од белорускиот Пресбол, ФИФА донела одлука да го отстрани играчот од средниот ред поради местење на натпреварот меѓу Нафтан и Новополоцк во белоруското првенство во 2017 година. Таа година Богунов бил играч за Нафтан и добил мито од 1000 долари за да влијае неговиот тим да изгуби со два или повеќе голови разлика.

Одлуката Богунов да биде суспендиран прво ја донеле раководните луѓе на ФС на Белорусија, а сега и ФИФА го потврди тоа. Инаку Богунов минатата година му се приклучи на Лвов, а претходно освен за Нафтан играл за Крумкачи и Белшина.

Сега тој нема да може да игра официјални натпревари, во ниту едно првенство ниту да настапува за репрезентација.

Инаку пред неколку месеци ФС на Белорусија им одреди четиригодишна забрана за играње на фудбал на тројцата играчи на Химик Александар Белјавски, Евгениј Белјавски и Сергеј Пјурх исто така поради местење на натпревари. А вкупно девет играчи биле „фатени“ во местенки меѓу кои и играчи на Лиду и Неман-Агро.