Тотенхем синоќа го совлада Барнли со 1:0 и тоа благодарение на тандемот Сон-Кејн кој уште еднаш донесе три бода за лондонската екипа. По корнерот на Тотенхем, Кејн со глава ја испрати топката на петерецот, а таму се најде Сон кој ја испрати во голот.

Тоа е осми гол на Сон во Премиер лигата сезонава и е на чело на листата на стрелци, додека Кејн со осум асистенции е на чело кај асистентите.

Сон и Кејн вечерва го постигнаа својот 29-ти заеднички или комбиниран гол и моментално се изедначени со некогашниот тандем на Арсенал Роберт Пирес-Тиери Анри и актуелниот на Сити Давид Силва-Серхио Агуеро. Пред нив останува постигнувањето на Дидиер Дрогба и Френк Лампард, кои заедно имаат 36 комбинирани голови.