Скандал на меч од Суперлигата на Србија во Горни Милановац. Металац и Радник ремизираа 1:1 во 12. коло од најсилната српска фудбалска лига, но на овој меч повеќе се зборува за тепачката на теренот отколку за резултатот и играта на двете екипи.

Проблемите почнаа кога еден од резервните играчи на Металац го турнал фудбалерот на Радник кој се спремал да изведе аут. Тренерот на домашните Жарко Лазетиќ се најде на местото на настанот, а потоа се создаде метеж. Дотрча и тренерот на гостинската екипа Славољуб Ѓорѓевиќ, а во еден момент двајцата тренери почнаа да се туркаат.

За среќа обезбедувањето навредем реагираше и спречи посериозен инцидент.