Локомотив Москва утре го пречекува Баерн во 2. коло од Лигата на шампионите. Тренерот на „железничарите“ Марко Николиќ верува дека неговата екипа има сила и знаење да му ги расипе сметките на европскиот шампион.

Добро знаеме кој ни е противникот утре. Можам да кажам дека реми би бил спектакуларен резултат, но нешто повеќе би било неверојатно. Искрено, не знам зошто толку скептицизам пред утрешниот дуел. Сакам да им одговорам на тие луѓе кои не веруваат во нас: Мотивацијата е голема затоа што ќе играме со најдобриот клуб во светот. Опасни се по прекини, а и во контра напади, секое додавање им е потенцијална опасност. И како десерт, го имаат Роберт Левандовски. Но како и сите екипи, така и „Баварците“ имаат лоши страни. И јас верувам дека имаме шанси да ги искористиме и да откинеме барем бод“, изјави Николиќ.

Баерн победи во првото коло со Атлетико со 4:0, а Локомотив одигра 2:2 со Салцбург во гости.