Тренерот на Рома Пауло Фонсека не го обвинува судијата Пјеро Џакомели за тоа што досуди два сомнителни пенали на мечот Милан-Рома. Натпреварот заврши 3:3 со тоа што „росонерите“ три пати водеа, а римјаните го изедначуваа резулатот.

Прво беше покажан пенал за Рома во 71 минута по кој погоди Верету за 2:2, а веднаш потоа и пенал за Милан по кој Ибрахимовиќ зголеми на 3:2.

Не сакам премногу да коментирам, но ќе кажам дека сме луѓе и дека сите правиме грешки. Тој направи грешки за двата тима. Добра работа е што ние дадовме три гола, а не е добро што примивме три. Тоа беше изедначен натпревар на кој покажавме храброст по раното водство на домашната екипа. Секако дека сакавме да победиме, но со оглед на развојот на настаните ова реми е добар резултат. Милан три пати водеше, ние стигнувавме. Не можам да се пожалам“, изјави Фонсека.

Рома во четврток ја чека дуел со ЦСКА Софија во Лигата на Европа.