Некогашниот Македонски репрезентативен голман и член на екипите на Победа, Работнички, Гоце Груевски долги години е иселеник во Австралија. Нормално, никогаш не можел без фудбалот па полека но сигурни гради тренерска кариера.

Груевски од вчера е дел од стручниот штаб на тимот на Престој Лајонс, клуб основан од Македонските иселеници во Австралија, и заедно со Крис Капони ќе му биде помошник на првиот тренер Луи Ацески.

Македонските иселеници во оваа далечна земја, имаат со децении сосдавана фудбалска историја и традиција која ја негуваат до ден денес. Многу фудбалски имиња заминаа таму, а и од таму ние добиваме Македонски репрезентативци кои со гордост го носат дресот на нашата репрезентација.