Барселона се чинеше дека е во безизлезна ситуација, но каталонскиот гигант приреди неверојатен пресврт на дуелот против Басконија. Домаќинот имаше позитива од 71-61 и се чинеше е близу до триумфот, но вака не размислуваа гостите.

Кошаркарите на Барса со серија од 11-0 поведоа со 71-72 на нецела минута до крајот, Басконија не успеа да погоди за триумф.

Миротиќ со 18 поени и 7 скока беше прво име, зад него беше Брендон со 12 поени. Кај домашниот тим, Драгиќ имаше 15 поени.

На второто дерби, Олимпијакос на домашен терен беше совладан од Анадолу Ефес со 79-84. Гостите беа подобар противник речиси во текот на целиот меч, добрата игра во првото полувреме беше клучна за триумфот на гостинскиот состав, кој на одморот замина со водство од 38-44.

Овој меч го одбележа кам-бекот на Шејн Ларкин, кој поради повреда беше надвор од терените. Мечот го заври со 15 поени, прв стрелец беше Мициќ со 20 поени, на другата страна Мартин имаше 11 поени.

Химки ја запиша првата победа оваа сезона, на домашен терен славеше против Црвена Звезда со 83-77 во рамките на шестото коло во Евролига.