Бенфика во рамките од 2. коло во Лигата на Европа, го совлада тимот на Стандард Лиеж со 3:0. По мечот, еден од играчите на Стандард, ја пофали Бенфика истакнувајќи дека играат како Барселона.

Прашан за коментар, тренерот Жорге Жезус даде интересен коментар:

„Не, воопшто не играме исто како Барселона. Не би сакал да играме како сегашната Барселона. Барселона која играше пред неколку години да, ама оваа – никако“, истакнал Жезус.