Матео Гентузи, играчот од средниот ред кој игра како позајмен во Херта до крајот на сезоната, му се налутил на актуелниот тренер на „топџиите“ Микел Артета. Артета не го ставаше во игра воопшто францускиот фудбалер, па овој реши да замине на позајмица во Бундеслигата.

„За мене Арсенал е минато време. Играв таму повеќе од 80 натпревари  и научив многу“, рече Гендузи.

Сепак, во интервјуто се споменува дека ова се однесува само додека е Артета тренер на екипата. Тој не го споменал актуелниот менаџер на „топџиите“, но е јасно дека поради него заминал од Емирати.

„Лено и Озил ми кажуваа многу добри работи за Бундеслигата. Се надевам дека ова за мене ќе биде нов почеток“, рече Гендузи.