Одбојкарскиот тим на Вардар на 3. и 4. ноември требаше да биде гостин на Камник во рамките на 1/16 финалето во Челинџ Купот. Но, овие две средби кои требаше да се одиграат во Словенија најверојатно ќе биде одложени.

Противникот на „црвено-црните“ веќе испратил барање до ЦЕВ и чека одговор. Словенците бараат одложување за 14 дена, време колку што е потребно да го победат Ковид-19.

„Предвиденото патување за Словенија и настап на двомечот од ЦЕВ-Купот против екипата на Калцит Камник се откажува поради позитивни случаи на Covid-19 во таборот на нашиот противник.

Двата клуба претходно постигнаа договор средбите да бидат одиграни на теренот на Камник, но словенечкиот претставник денеска испрати допис според кој не може да го организира двомечот поради позитивни случаи во играчкиот кадар и во стручниот штаб.

Камник во дописот остава можност дуелите да бидат презакажани за нов датум, а натпреварувачката комисија при ЦЕВ ќе мора во најскоро време да донесе конечна одлука, дали да одреди нови датуми или Вардар без борба да се пласира во следната рунда од европското натпреварување“, известија од клубот.