Минаа седум години откако Манчестер Јунајтед за последен пат ја освои титулата во Премиерлигата. Како што е сега ситуацијата во клубот, се чини дека овој тим ќе почека, и тоа долго, за нова радост.

Со тоа се сложува и легендата на клубот, Рајан Гигс, еден од клучните играчи кај Алекс Фергусон, кога Јунајтед доминираше во Премиерлигата, но и во Европа.

Тој не крие дека стравува за тоа кога одново Манчестер Јунајтед ќе се радува на нова титула.

Да, би можеле и ние да бидеме во улогата на Ливерпул кој чекаше три децении на нова титула. Искрено стравувам дека Јунајтед на пехарот би можел да почека барем 15-20 години, посебно ако Клоп и Гвардиола останат во Англија, останат во Ливерпул и Сити. Тие два клуба имаат одлични играчи и големи ресурси. Видете, мора да се има време за да се дојде до титулата. Еве на пример Јирген Клоп со Ливерпул. Тој четири години чекаше да ја освои Премиерлигата. Потребно е време. На секој играч кој беше донесен кај нас се чинеше дека токму тој ќе помогне да ја освоиме титулата, но не е така“ заклучи Гигс.