Денеска во Бундеслигата се одигра еден натпревар. Во Гелзенкирхен Шалке и Штутарт ремизираа играјќи 1:1.

Шалке водеше по првиот дел, а Штутгарт успе да дојде до израмнување од пенал, и така да ја продолжи „агонијата“ на Шалке во оваа сезона.

Уште еден настап за „Швабите“ забележа младинскиот репрезентативец Дарко Чурлинов. Тој влезе во игра во 79. минута од мечот.