Борусија Дортмунд го 2:0 славеше победа на гостувањето кај Арминија. Тоа беше прв нивни меѓусебен дуел по 2009 година, а „милионерите“ стигнаа до триумф благодарение на двата гола на дефанзивецот Матс Хумелс. Германскиот бек стрелаше во 53 и во 71 минута од натпреварот од 6. коло во Бундес лигата. Арминија го запиша четвртиот пораз, а Борусија петтата победа.

А бранителот на титулата Баерн победи во Келн со 2:1 и го сочува првото место на табелата. Томас Милер го отвори резултатот од пенал, а пред крајот на првиот дел погоди и Серж Гнабри. Во финишот Дреклсер го ублажи поразот за Келн.

Инаку на Гнабри баш му лежи овој ривал. Вечерва го одигра шестиот дуел и го постигна седмиот гол. А Баерн ја запиша 14 победа на последните 16 гостувања во Келн.

На другите мечеви: Аугзбург – Мајнц 3:1 и Ајнтрахт – Вердер 1:1.

ГОЛОТ НА ГНАРБИ (КЕЛН – БАЕРН 1-2)

Standings provided by SofaScore LiveScore