Тројца членови на стручниот штаб и тројца ракометари, се позитивни на Ковид-19 во нашата ракометна репрезентација. Попладнево Ракометната федерација и официјално објави дека позитивни се тренерите Александар Царчев, Раде Стојаноновиќ и Никола Матлиески како и ракометарите Марио Танкоски, Мартин Велковски и Мартин Поповски.

Шестмината горенаведени, немале контакт со останатите репрезентативци кои се тестирани во неколку наврати и се покажале како негативни.

Се информира дека согласно протоколите донесени од Владата и документот донесен од Европска Ракометна Федерација за спроведување на натпревари, не е предвидена прес конференција за медиумите.