ПСЖ на утрешната средба со Лајпциг ќе настапи драстично ослабен, односно речиси без целиот напад. Тренерот Тухел за гостувањето во Германија нема да смета на Килијан Мбапе, Нејмар и Мауро Икарди, а згора на тоа ќе го нема и Марко Верати.

Со тоа германскиот тренер на клупата на францускиот тим остана само со една опција во нападот – Мојс Кен. Италијанскиот фудбалер кој е позајмен од Евертон ќе биде веројатно опцијата во офанзивата на парижаните.

Нејмар е веќе некое време повреден, истото се однесува и за Икарди, а Мбапе се повреди на последниот дуел со Нант.