Во вечерашното дерби на 7. коло од Евролигата, кошаркарите на Ефес го победија Макаби Тел Авив со 91:89 за само трета победа од стартот на сезоната. Ефес го отвори мечот со серија од 11:0, но Макаби брзо се врати и на крајот од првата четвртина гостите имаа два поени предност.

Макаби играше одлично во продолжението, а главната драма се случи во последната четвртина.

Се играше кош за кош и беше нерешено на една минута до крајот, кога Тибор Плајс погоди за два поени на 52 секунди до крајот. Жижиќ израмни со забивање, а Бубоа мина за водство на Ефес на 25 секунди до крајот. Макаби имаше напад за продолженија или победа, но загуби напад на 20 секунди.

Бубоа беше најефикасен со 23 поени, Плејс постигна 20, додека кај гостите Брајант имаше 22 поени.

Барселона без проблеми го прегази тимот на Алба на гости со 103:67, а победа обезбеди и Олимпијакос кој беше подобар на стартот од Зенит со 75:66.

Standings provided by SofaScore LiveScore