Синоќа после мечот Барселона – Динамо Киев интересна случка на “Камп Ноиу“. Стратегот на Украинците, легендарниот Мирчеа Луческу, а тоа го забележаа и ТВ камерите, му го побара дресот на Лео Меси, но сепак не го доби, барем не во тој момент.

Пред камерите Лео му рече дека поради забраната за менување на дресови и протоколите за Ковид-19, тоа не смее да го направи. Сепак Аргентинецот вети дека тоа ќе го стори подоцна.

Во секој случај интересна сцена, а романскиот стратег уште еднаш покажа дека не пати од лажни величини како некои негови колеги.

Се надеваме дека сепак на крајот успеал да ја добие “десетката“ на Меси.