Предмалку заврши вториот пријателски меч меѓу нашата млада У-17 селекција против соодветната репрезентација на Црна Гора, и тоа одигран на гостинските терен во Подгорица. Избраниците на селекторот Драган Канатларовски одново ремизираа, но сега со 1:1. Стрелец на голот за нашата селекција беше Матеј Ангелов. Да кажеме дека во првиот меч одигран завчера, Црна Гора и Македонија одиграа 2:2.

На денешниот дуел стартери беа: Тасев, Павлески, Зекири, Бучи, М. Ангелов, Елези, Мат. Софијаноски, Гуџуфи, Шуку, Љушев, Мар. Софијаноски. Во записникот беа и Силјановски, Поп Антовски, Талха, Митев, Поповски, Милошевски, Илјази, Алексовски, Левент, Н. Ангелов.
И на двата меча избраниците на Канатларовски покажаа дека оваа селекција има добар потенцијал.