Илија Несторовски би можел во јануари да ја промени клупската средина. Имено како што утринава пишува “ТутоУдинезе“, напаѓачот на Удинезе и еден од нашите најдобри фудбалери, би можел да се пресели во Специа, во тим кој што исто како и “црно – белите“ од Удине, игра во Серија А. Овој портал пишува дека очигледно е дека Нестор не се снашол најдобро во Удинезе, ја нема потребната минутажа и секако дека ги нема ниту негови голови, впрочем за тоа и беше доведен на „Фриули“.

Којзнае, можеби ова е добра опција и за нашата репрезентација, па подобро е Нестор да игра и дава голови во Специа отколку да седи на клупата за резерви во Удинезе.

Од друга страна прашање е дали Удинезе би му дозволил на Нестор да замине во Специа ако се знае дека и двата клуба во тековната сезона ќе водат жестока битка за опстанокот во Серија А. Повеќе на Удинезе му одговара Нестор, ако веќе заминува, тоа да го стори во некој клуб од Серија Б, за каде исто така интерес.