Марио Балотели и натаму нема нов клуб, а во моментов ја одржува формата со четвртолигашот Францијакорта, објавуваат италијанските медиуми. Откако се раздели со Бреша, Балотели не успеа да најде нов ангажман. За него имаше интерес од Турција, како и од некои италијански второлигаши, но не потпиша за ниту еден тим. Проблематичниот Балотели сега тренира со членот на Серија „Д“, но и натаму не е познато дали постои шанса да заигра за овој тим, за кого игра и неговиот брат.