Маурицио Покетино е пред промоција на клупата на Манчестер Јунајтед. Оле Гунар Солскјер ги „троши последните кредити“ на клупата на „црвените ѓаволи“, и секој нареден кикс би можел да значи отказ.

Во меѓувреме се подготвува Маурицио Покетино за клупата на Јунајтед, а некогашниот играч Димитар Бербатов му даде совет.

„Пред неколку дена како коментатор, го слушнав Покетино дека е подготвен да се врати на тренерската работа. Ако прифати да биде во Манчестер Јунајтед нека се подготви дека прстот ќе биде вперен кон него. Кога тимот игра лошо, виновен е тренерот. Иако не е така, вина имаат и играчите, сепак, во Манчестер ситуацијата е поинаква“, рече Бербатов, кој се сврте на сегашната игра на својот некогашен тим.

„Играчите треба да го сменат ставот. Нема агресивност, жар, нема хемија…“, рече Бербатов.