Работнички го запиша и третиот пораз во низа во Првата лига. По МЗТ Скопје и Гостивар, пред најтрофејниот падна и Кожув, кој на домашен терен беше совлада со 84-95 (17-30, 29-23, 15-24, 23-18) за прв пораз оваа сезона.

Кошаркарите на Димитар Мираковски одиграа одличен натпревар, доминираа во текот на сите 40. минути, буквално држеа час по кошарка. Серијата на победи доаѓа како дополнителен мотив пред АБА 2-дуелите.

Прв стрелец кај гостите беше Кирил Николовски со 22 поени од кои четири тројки, зад него Балмазовиќ со 18 поени, 4 скока и 4 асистенции, Враговиќ запиша 15 поени. На другата страна Максвел и Караџовски постигнаа 43 поени, половина од вкупните поени на Кожув. 

Неверојатна прва четвртина одигра Работнички, поведе со 4-14, а потоа и со 10-30. На другата страна домаќинот мака мачеше со одбраната и нападот, но на крајот на овој период успеа да намали на 17-30.

Гвегеличани ја добија втората четвртина, успеаја да ја смалат двоцифрената негатива, но не и да направат целосен пресврт, на одморот беше 46-53. На другата страна Работнички во овој дел имаше позитива и од плус 15 (22-37).

Уште едни добри десет минути одиграа центарци во Гевгелија, во која на трипати имаа плус 18 (53-71, 56-74 и 59-77). Во решавачката последна четвртина избраниците на Димитар Мираковски влегоа со предност од 61-77.

Балмазовиќ од линијата за слободни фрлања во 34. минута ги постави највисоките 65-89 и најави дека неговиот тим со целиот плен ќе замине од оваа средба. Во самиот финиш кошаркарите на најтрофејниот се опуштија, па Кожув успеа колку толку да ја ублажи болката.

Работнички по овој меч има кратко време за одмор се пакува и заминува за Златибор, каде во понеделник го игра првиот натпревар во дебитанската сезона во АБА 2-лига.