Три гола во мрежата на Арсенал, и еден поништен по консултација со ВАР, е исходот од вечерашниот последен натпревар од денешната програма во Премиерлигата. Астон Вила е голем победник од дуелот, откако го посрамоти лондонскиот тим и тоа на негов терен.

Сака си постигна автогол во првиот дел, откако претходно беше поништен гол поради наводен офсајд на Баркли.

Во вториот дел наместо Арсенал да заигра подобро, тие примија уште два гола. Воткинс беше стрелецот на двата гола, од кои последниот со класичен противнапад од учебниците на фудбалската игра, за убедливи 0:3.