Кога се чинеше дека Аријан Адеми нема проблем со Ковид-19, попаднево лоша вест од таборот на Динамо. Имено клучниот играч на “рисовите“ во средниот ред, на загревање пред дуелот со Истра, кој патем е во тек, ја повреди ложата и не ни го почна мечот за својот тим.

Секако дека ова најмалку ни требаше, Аријан утре ќе биде подвргнат на магнетна во Загреб, па дури потоа ќе се решава дали ќе доаѓа во Скопје.

Искрено мали се шансите тој да игра во Тбилиси.

Каква штета.