Утринава медиумите во Италија најавуваат зимска трансфер бомба. Имено Интер и Реал Мадрид би можеле да направат размена на двајца играчи, и тоа двајцата се од средниот ред. Па така Ериксен од Интер би замина во Мадрид, а Иско од Реал би се преселил во Милано. Инаку и двајцата не се прва опција кај своите тренери Конте и Зидан.

Сепак дали ќе дојде до најавената размена секако дека се прашуваат и двајцата играчи за кои повеќе клубови пројавуваат интерес, посебно за Ериксен кој се поврзува со трансфер во Манчестер Јунајтед, па и во Барселона. Додека за Иско во последно време е заинтересиран Карло Анчелоти да го види во тимот на Евертон.

Се споменува и одличниот украински фудбалер од Аталанта, Руслан Малиновски, како замена за Ериксен доколку го напушти Интер.