Ред Бул Салцбург, учесникот во Лигата на шампионите, објави дека има шест нови случаи на коронавирус. Поради тоа австрискиот тим ги одби сите повици од репрезентациите кои пристигнале на нивна адреса, затоа што целиот тим оди во карантин.

Засега не е објавено кои играчи се заразени со вирусот, но јасно е дека сите репрезентативци кои доаѓаат од оваа екипа нема да бидат пуштени со националните тимови.

Six Covid-19 cases found
Isolation and team quarantine required – All international call-ups rejected

Posted by FC Red Bull Salzburg on Monday, November 9, 2020