Македонскиот национален тим вечерва го одржа официјалниот тренинг на стадионот во Тбилиси, каде утре избраниците на Игор Ангеловски ќе пишуваат историја, и ќе се обидат да ја однесат Македонија на Европско првенство.

Колку тоа убаво звучи, европско првенство. Сега на ред се фудбалерите, стручниот штаб да и донесат голем успех на Македонија, најголем во историјата. Ние веруваме дека можат, знаат и умеат.

Инаку една од добрите вести  што тренираше и Аријан Адеми, и можеби ќе биде во комбинација на утрешниот, што по отсуството на Барди, би ни бил од голема корист.