Македонскиот национален тим „летна“ од Скопје за Тбилиси. Фудбалерите се расположени и покрај потресите утринава и информациите дека Ристевски и Велкоски се позитивни на КОВИД-19 и останаа во Скопје исто како и Енис Барди кој поради повреда место во авионот за Грузија ќе оди во Систина на лекување на повреда.

Сепак, надежта и желбата е присутна. Пандев, Тричковски, Несторовски и останатите се спремни за борба на историскиот натпревар со Грузија утре од 18 часот на Динамо арената во Тбилиси. Победата води на Европско првенство! Тоа е сонот на секој од нас. Со верба во себе и малку среќа можеме до таму…