Александар Васоски, тренерот на Вардар беше предвидено после натпреварот во Тбилиси да даде свој стручен коментар.Впрочем како што и по традиција тој го искажува своето мислење специјално за СПОРТМЕДИА.

Но сега е поинаку, сега и него го надвладуваат емоциите па така место коментар од стручен агол, тој упати порака…

Ова се блескави моменти за нашиот фудбал, за нашата земја, за Македонија. Илузорно е сега јас да давам стручни коментари додека луѓето надвор на улица се радуваат на пласманот на ЕП. Сакам јавно да им упатам честитки на сите во репрезентацијата на овој успех и да им кажам дека Македонија е горда на нив. Тие не прават среќни и радосни. Видете не е мала работа да си на ЕВРО, меѓу најдобрите во Европа. Ова долго го чекавме, и затоа јас како некогашен фудбалер, репрезентативец, сега тренер и фудбалски работник сум пресреќен. Покажавме дека сме и фудбалска нација. Јас како Македонец сум горд. Сега треба да легнат малку емоциите, да видиме што сме направиле. Верувам дека овие момци, па и сите ни се уште не сме свесни што значи ова за нас. Сакам да кажам дека се надевам, очекувам, ова да биде само еден додатен импулс да се среди пред се инфраструктурата во Македонија. Ние имаме таленти, имаме фудбалски бисери, само им треба услови. Ова е шансата“ изјави Васоски, стручниот коментатор на СПОРТМЕДИА.