Македонија е на нозе, улиците се полни, се слави големиот успех на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство. Возбудата е голема и покрај тоа што живееме во едно поинакво време, во кое е забрането групирање, сепак вечерва никој не размислува на тоа. Историјата мора да се прослави, знамињата се развеани, се чекаат нашите момци да пристигнат во главниот град.

Во јавноста со честитки се огласи и Министерот за дрзваство Венко Филипче, тој испрати честитки и потсети дека треба да се почитуваат мерките.