Македонското репрезентативно крило, Дејан Манасков со 16-те постигнати гола на вчерашниот меч со ФТЦ во унгарскиот ракометен шампионат и официјално го собори клупскиот рекорд, потврдија од клубот.

Досега ниту еден ракометар во историјата на Веспрем не успеал да постигне 16 гола на официјален меч. Манасков со ова постигнување се запиша во аналите на клубот, но и на македонскиот ракомет. Освен што испиша историја со овие 16 гола на натпревар, туку и остана забележан како човек кој стигна и до 400. гол во дресот на Веспрем.