Браво Аријан. Браво. Од што ли е направено тоа момче. Можеме само да му се поклониме и да му кажеме секоја чест. Зошто сакаше да игра по секоја цена, зошто иако повреден, иако со болки во пределот на ложата он самиот барал да игра по секоја цена. Така и беше, а играше под инјекции, само да истрча на терен, само да им помогне на своите момци. И така повреден просто изгина на теренот во Тбилиси.

Нема што, ЛАВОТ ИГРА, МАКЕДОНИЈА ПОБЕДУВА.

Така беше и со Косово. И тогаш играше повреден, и тогаш одигра лавовски за својата репрезентација.

Лесно е кога имаме вакви момци, кои сакаат да играат и повредени,

Ете затоа Македонија победува, ете затоа ние ќе играме на ЕВРО.