Голем е денешниот натпревар во Тбилиси за Македонија. Нашиот најдобар фудбалски тим се наоѓа пред пласман на ЕП, подвиг кој до сега никогаш не ни се случил. Финалниот меч со Грузија се игра вечерва од 18 часот по наше време а ФФМ на чело со претседателот Муамед Сејдини одлучи богато да ги награди фудбалерите и стручниот штаб за победа над Грузија и пласман на ЕП.
Вкупно 3.000.000 милиони на евра ќе поделат фудбалерите. Рекордна сума за спортски натпревар на една наша национална селекција, клуб, поединец… Од пласманот на ЕП ќе профитира многу и самата ФФМ која како награда од УЕФА ќе инкасира неверојатна сума од 9.450.000 евра.
И самите овие цифри се најава за големината и тежината на натпреварот. За нас најбитно е да се пласираме на ЕП и финансиите се во втор план. Сепак вреди да се напомене дека фудбалерите ќе бидат добро наградени со околу 30% од сумата која ќе ја заработи ФФМ. Така беше и со првото место во групата од Лигата на нации кое не доведе до овој историски меч. Фудбалерите поделија 500.000 евра!