Според анализата, Македонија ја има втората најевтина репрезентација после Финска, а е тука некаде со Унгарија.

Од оние кои се пласираа на Европското првенство идната година, Финска чини само 34,6 милиони евра. Македонија е речиси двојно повеќе, односно 63,2 милиони евра, додека репрезентацијата на Унгарија е 69,3 милиони.

Најскапа селекција на ЕВРО 2021 година ќе биде Англија со 1,4 милијарди. Втора е Франција со 1 милијарда, а Шпанија трета со 842 милиони евра.

Но, јасно е дека на вакви собири главна улога немаат парите. Тука има срцето, желбата, мотивацијата. Сетете се само на ЕП 2004 и дека аутсајдерска селекција се искачи на врвот на крајот.