Дејан Манасков блеска оваа сезона во дресот на Веспрем. По рекордот пред два дена кога реализираните 16 голови, македонскиот репрезентативец денеска одново беше најдобар во редовите на унгарскиот првак.

Веспрем го совлада Егер со убедливи 40-21 (20-12) за десетти триумф во низа сезонава, а Манасков со девет погодоци беше најдобар.

И на оваа средба избраниците на Давид Дејвис името на победникот го реши по првото полувреме, имаше позитива од осум гола, до крајот беше само формалност.