Торино во своите редови го сака искусниот Раџа Наинголан, кој е на излезна врата од Интер. Токму од тука челниците на торинскиот тим се подготвени на средба со челниците на тимот од Милано да ги завршат преговорите за искусниот Белгиец.

Наинголан веќе неколку пати повторуваше дека сака да си оди од Интер, но неговата желба беше Каљари, каде играше минатата сезона како позајмен. Меѓутоа тој трансфер не се оствари.